Добра вест за децата, Општина Кратово изгради две детски игралишта

Среда, 26 Октомври 2016 15:17 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Локалната власт во општината Кратово изгради две нови детски забавни игралишта во различни населени места во општината – маала Царина и маала Цигански лозја. Игралиштата се со големина од 6 х 12 метри со вградени бетонски рабници и тампонирано со дробен камен. Од реквизити има лизгалка со скали за качување 180х310, вртелешка 120х120, двојна лулашка 100х250, една клацкалка 36х230 и качувалка со димензии од 80х115. Околу забавните игралишта монтирани се две клупи за седење и две канти за ѓубре.
Средствата за завршените две детски игралишта изнесува околу 580.000 денари и се обезбедени од буџетот на општина Кратово. Изведувач на работите е Престиж ДОО с. Јакимово, Виница.

alt

alt

Сподели