Додека едни славеа изборна победа, други дивееја

Вторник, 07 Јуни 2011 07:08 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Избушени гумите на 13 автомобили во Кратово

Додека половина Кратово ја славеше победата на владеачката коалиција до доцна во ноќта, непознати сторители во утринските часови дивееле на централната улица "Гоце Делчев". Настрадале гумите на тринаесет автомобили кои биле паркирани долж улицата.

-Непријатно се изненадив кога во раните утрински часови, ден по изборите, забележав дека гумите на мојот автомобил се избушени. Помислив дека некој лично мене ми се одмаздувал, но тогаш соседите ми кажаа дека гумите и на нивните автомобили се исечени со нож - ни се пожали еден од сопствениците на оштетените автомобили. Вчера полициска екипа вршеше увид на улицата, но засега немаат информации кој го сторил овој вандализам.

Сподели