Кратовската кино-сала беше претесна да ги прими сите гости на прославата на патрониот празник на кратовското средно училиште „Митко Пенџуклиски“, на одбележувањето на 56 години од неговото постоење. Пред повеќе од 400 гости се одржа богата културно-уметничка програма, на која учениците ги прикажаа своите музички и актерски таленти, а годинава со своја музичка точка се претставија и гостите од средното училиште од Богданци. Веќе традиционално се доделија и награди, за поетска творба беше наградена Емилија Пановска, за најдобра ликовна творба беше прогласен цртежот на Мирослав Алексовски. Директоротна училиштето, Тони Јанев, го додели и преодниот трофеј на I-2 за најдобар клас. Учениците и професорите положија свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Митко Пенџуклиски, а во спортската сала се одржаа спортски натпревари во мал фудбал во машка и женска конкуренција.

