Веќе традиционално, десетта година по ред се делеше лепче со паричка за Стара Нова година во кратовското средно училиште „Митко Пенџуклиски“. Среќата ја посака Драгана Андреева, професор по бизнис во училиштето, која следната година ќе биде василичарска кума.
