Двајца кандидати ќе ја трчаат трката за градоначалник на Кратово, откако СДСМ одлучи да ги бојкотира локалните избори 2013. Противкандидат на актуелниот градоначалник Мите Андоновски (СПМ) ќе му биде младиот економист Саве Антоновски, кандидат од редовите на СДУ.
Што се однесува до советничкитеа листи, таму работите се максимално јасни. Единствената листа која ќе се најде на гласачкото ливче е онаа која ја поднесе владеачката коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Носител на листата е актуелниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Смиљковски.
Доколку биде постигнат изборниот цензус потребен за изборите во Кратово да бидат легитимни, тогаш сите членови на советничката листа ќе седнат во советничките фотељи.