Ѕинго: Нема народ во светот кој подолго се борел од македонскиот за својата слобода

Вторник, 11 Октомври 2016 12:28 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altСоцијалистичката партија на Македонија денеска со положување свежо цвеќе на Сомен Костурница го одбележа Денот на народното востание „11 Октомври“'. Највисокото партиско раководство предводено од претседателот на СПМ, Љубисав Иванов Ѕинго им одаде почит на борците за слободна Македонија и одржа свечено обраќање пред своите сопартијци на споменикот во Куманово.

-Ова е денот кога започна големата народно ослободителна војна на Македонија во која имаше два главни цели борба против фашизмот кој беснееше во Европа и пошироко и ослободување на Македонија од вечитото ропство и создавање на македонската независна и суверена држава. Во тоа време веста дека во Македонија се дигнал македонскиот народ во борба за слобода одекна ширум Европа, луѓето се прашуваа која е таа Македонија, кои се тие луѓе во Македонија што се супроставуваат на најсилната фашистичка држава во Европа која секоја недела, секој месец поробуваше поедини држави во Европа – вели Иванов.

Како што потенцираше претседателот на СПМ и во тешки услови борејќи се со најмоќните, македонскиот народ предводен од ентузијазмот успеа да создаде своја држава.

-Да им кажеме на тие од внатре и надвор дека доста е со Македонија и дека вие никој пат не ни помогнавте ни во војните, ни во страдањата, ни во мирот, се што направивме, напарвивме ние самите и тргнете ги рацете од Македонија, освестете се, размислете. Нема да ве финансираат тие до крајот, ќе ве искористат како што ги користеа многу до сега генерации и ќе ве фрлат на боиштето ан ситоријата и народот ќе плука по вас – рече Иванов.

Претседателот на СПМ Љубисав Иванов Ѕинго во завршното обраќање порача дека Социјалистите ќе останат на браникот за одбрана на сопствената држава.

Сподели