Ѕинго никој не смее да го отпише: играше, пееше и закажа нова средба со кратовци за 4 години (ВИДЕО)

Недела, 04 Декември 2016 10:15 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

пишува - Оливер Арсовски
altЧовекот има 80 години. Пред две-три години беше во лоша здравствена кондиција. Многумина го отпишаа. Во чаршијата се шушкаше - готов е.
Дами и господа, Љубисав Иванов - Ѕинго „воскресна“. Тој ја живее втората младост. Покажа дека годините воопшто не му тежат, демонстрираше младешки дух. На митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ во Кратово пред повеќе од 1.500 кратовци приреди вистинско шоу, одржа политички говор како во најдобрите денови, покажа дека воопшто не ја загубил смислата за хумор, запеа, а врвот се случи кога енергично заигра во моментите кога Блага, Наум, Миле, Владо и Андријана запејаа на сцената.
1. Интересен момент беше кога Ѕинго раскажа како ја склучил коалицијата со Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во 2006-та година. Вели, се сретнав во една прилика со Никола, му ги кажав моите визии за економијата, а одговорот на Груевски беше - ќе ги спроведам твоите политики. Од тогаш 10 години сме неразделни, победувајќи во девет изборни циклуси.alt
2. Втор интересен момент беше коментарот на Ѕинго за програмата на СДСМ. Вели, Груевски „набутал“ 500 страници во програмата, а Заев мавта со едно смешно книжуле по митинзите. А кога немаш што да понудиш, тогаш дуплирај ги ветувањата на Груевски. Тој ветува 100 милиони субвенции за земјоделците, Заев веднаш од ракав вади дупло. Груевски вели ќе изградиме 200 километри автопатишта, Заев вели ние 400 ќе изградиме. Во стил на вешт стенд-ап комичар, Ѕинго раскажа еден виц на сметка на опозицијата. Вели: „Слушнав од еден опозиционер дека Заев имал рецепт како кравите на земјоделците да даваат „дупло“ млеко. А јас си имам едно кравче, па се заинтересирав за рецептот, веднаш побарав да ми го донесат чудесниот рецепт со кој кравите ќе давале двојно повеќе млеко“, што предизвика громогласна смеа на плоштадот во Кратово.
alt3. Ѕинго се потсмеваше и со „митинзите“ на останатите коалиции кои се одржаа во Кратово, правејќи ги „парампарче“. Вели:
„Едните минатата сабота дошле на средба со граѓаните на Кратово, очекувајќи маса народ. Ги пречекале едно девојче и едно машко, пиеле кафе на плоштадот и си заминале. Другите закажале митинг, но во последен момент го откажале. А јас, на стари години, се средив, намирисав, реков ќе одам на митинг. Кога стасав, гледам нема митинг, го откажале бидејќи немало луѓе. Па за луѓе ли е проблем, можеле да се јават, јас лично ќе им обезбедев 200 луѓе, да не пропадне митингот“, рече Ѕинго.alt
4. Претседателот на социјалистите врвот го достигна на крајот од митингот, кога заигра во ритамот на музиката. Малку „дрмање“ во стилот на техно музиката, а потоа ја сврте на „рокенрол“, колку да се знае дека Ѕинго допрва ќе жари и пали.
Од митингот си замина со зборовите: Ви закажувам средба на исто место за четири години!!!

Сподели