Експремиерот Зоран Заев во „соло“ моторџиска тура до Кратово

Недела, 21 Јуни 2020 15:48 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Екс-премиерот Зоран Заев, кој е член на мото клубот АТВ Струмица, денеска со мотоцикл BMW беше во Кратово. Иако тој често патува со поголеми моторџиски групи низ земјава, сепак денес возеше сам, единствено во придружба на две возила од неговото обезбедување. Го забележавме на излезот од Кратово, кај кратовското село Железница.
Инаку, Заев е голем љубител на моторите и четирициклите, а двапати и се повредуваше. Во 2009 на тромеѓето на Беласица при пад го скрши десното рамо, а во 2010 кај селото Три Води на истата планина го скрши скочниот зглоб на десната нога.alt

Сподели