Есенска работилница во градинката „Царка Андреевска“ во Кратово

Среда, 11 Ноември 2015 12:58 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Денес во градинката „Царка Андреевска“ во Кратово се случуваа низа активности на задоволство на малите дечиња на кои денот им поминува во оваа институција. Повеќе од стотина граѓани, претежно родители, баби и дедовци, ги видоа уметничките креации на своите деца и внуци, кои изработија разни творби од есенски плодови. Десетици килограми компири, дуњи, јаболки, тикви и друго овошје беа материјалот од кој децата изработија кловнови, авиончиња, убавици, желки, ежови и други форми, развивајќи ја својата имагинација и вештина.

ФОТОГАЛЕРИЈА на линкот http://www.facebook.com/media/set/?set=a.10154385545973957.1073741942.155289693956

alt

alt

alt

Сподели