Еве како ќе изгледа на евровизиската сцена Елеонора Мустафовска (ВИДЕО)

Понеделник, 13 Мај 2013 13:21 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати
alt
 

Влатко Лозаноски во полуфиналето песната „Пред да се раздени“ ќе ја пее во оригиналната верзија,  на македонски јазик, додека Есма својот дел, како и досега  ќе го пее на  ромски. И двајцата наши евровизиски претставници  на пробата беа облечени во костимите што ќе ги носат на настапот на 14 мај, на втората полуфинална  вечер. Есма беше во црвен долг фустан,  украсен со кристали Сваровски, креација на Елена Лука, додека Лозано имаше  црно-бела комбинација. Придружните вокали Елеонора Мустафовска и Нина Јанева се во темни идентични фустани.
Есма на бројните новинари им откри дека пее од својата 10-та година, а својата прва песна ја напишала како деветгодишно девојче. Таа открила дека одржала илјадници  концерти низ целиот свет и посвоила 47 машки деца и само една ќерка, а тоа е Елеонора Мустафовска, која заедно со Нина Јанева ги пее придружните вокали во песната.

Сподели