Пожарот што се случи минатиот петок во раните утрински часови на локалитетот „Камени кукли“ во кратовското село Куклица предизвика голема штета. Преубавото здание иградено целосно од дрво изгоре до темел, а настрада и еден летниковец и неколку дрвени клупи. Пожарот се проширил со голема брзина и за кусо време ја пеплосал дрвената куќа која беше изградена за туристички цели со средства од ИПА програмата за меѓугранична соработка.



