Форуми во заедницата (Петок 13 часот, х.Кратис)

Четврток, 22 Декември 2011 18:45 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Кратовци ќе избираат еден од трите предложени проекти

На ден 23 декември 2011 година (петок) со почеток во 13.00 часот во хотелот „Кратис“во Кратово ќе се оддржи петтата Форумска сесија во рамките на Програмата „Форуми во заедницата“. На петтата Форумска сесија ќе се гласа по предлог проектите што граѓаните ги подготвија на досегашните форумски сесии и ќе се одберат проектите што ќе бидат финансирани од оваа Програма. Во игра останаа проектот за Мултимедијален центар во објектот на поранешното кино, проектот за туристичко-информативно биро на градскиот плоштад и проект за спортско-рекреативен центар.
На Форумската сесија ќе присуствува Градоначалникот на Општина Кратово, г-ин Мите Андоновски, како и претставникот од Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Сподели