Форумот на жени на СПМ засадија мини-парк во Кратово

Петок, 13 Јуни 2014 17:54 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Еден со години запуштен простор во Кратово, денес доби нов лик. Благодарение на заложбите на градоначалникот Мите Андоновски, беа обезбедени десеттина зимзелени садници и стотина декоративни цвеќиња, кои денеска беа засадени во новиот мини-парк. За успешна реализација на акцијата се погрижија од Форумот на жени и подмладокот на Социјалистичката партија на Македонија.
Кратово важи за еден од најзелените градови  во земјава, а во иднина уште повеќе ќе се работи на овој план.

alt

alt

Сподели