Германската амбасадорка го посети Кратово, донираше камион за смет ВИДЕО

Среда, 09 Јануари 2013 15:38 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

alt

Плодната соработка меѓу Општина Кратово и германската амбасада продолжува и понатаму. Германската амбасадорка Гудрун Штајнакер денеска го посети градот во кој нејзините далечни предци, рударските племиња Шлези и Саси, оставиле траен печат. Љубезните домаќини и ја раскажаа богатата рударска историја на градот, а и самата амбасадорка ги погледна археолошките поставки во кратовскиот музеј.

Сепак, главната причина за посетата на германската амбасадорка Штајнакер на Кратово беше донацијата на камион за собирање смет во вредност од 15.000 евра, средства кои ги обезбеди германската амбасада.

-Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на амбасадорката Штајнакер за досегашната соработка што ја имаме со амбасадата на Германија и за помошта што ја дава на општина Кратово. Пред неколку години од нив добивме средства за реновирање на Симиќева кула, а минатата година ни обезбедија финансиски средства за набавка на камион за собирање на смет со кој ќе го подигнеме нивото на чистота во градот – изјави градоначалникот Мите Андоновски.

-И ние сме благодарни на градот Кратово за соработката и успешната реализација на овој проект. Се надеваме дека така добро ќе соработуваме и во иднина – изјави амбасадорката Штајнакер.

Ова не е прва донација на германската амбасада во Општина Кратово. Претходно германците ја финансираа санацијата на Симиќева кула, како и замената на старите прозорци во кратовските училишта.

altalt

Сподели