Амбасадорката на Сојузна Република Германија, д-р Кристине Алтхаузер вчера беше во официјална посета на Градоначалникот на општина Кратово, на средбата присутен беше и г-дин Михаил Цветков, Министер на земјоделство, шумарство и водостопанство.
Работната средба се одвиваше во Кабинетот на Градоначалникот, каде ја запозна амбасадорката со личната карта на општината претставувајќи ги сите нејзини природни-георгафски, стопански, културни и туристички аспекти. Се разговараше за досегашната соработка на општината и гермаската амбасада во делот на културата.
Посетата на амбасадорката потоа продолжи со прошетка низ градот, односно најпрвин посета на Саат кулата каде топло беше пречекана со звуците на Кратовските тамбураши, посета на Симиќева кула, во Музеј на град Кратово, во Домот на култура „Лазар Софијанов“...
Амбасадорката беше воодушевена од историјата и културно - историските знаменитости кои имаше можност да ги посети и изрази иницијатива за продолжување на досегашната плодна соработка со општина Кратово и создавање на предуслови за реализација на нови заеднички успешни проекти.
