Гимназијалците од „Митко Пенџуклиски“ го испробаа екстерниот „пробен тест“

Вторник, 23 Април 2013 19:08 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altУчениците од прва, втора и трета година во општинското средно училиште „Митко Пенџуклиски“ од Кратово денеска пробно решаваа тестови за екстерно тестирање. Надлежните за тестирањето истакнаа дека пробното тестирање е за да се согледа подготвеноста на електронскиот систем за екстерно тестирање. Тестирањето е прва средба на учениците со новиот систем на оценување. Од добиените оценки ќе нема никакви последици ниту по наставниците, ниту по учениците, туку се врши контрола на електронскиот систем. Пробни екстерни тестирања се спроведени во речиси сите средни училишта во земјава, кои се подготовка за завршните екстерни тестирања што ќе се одржат од 27 мај до 10 јуни.

alt

Сподели