Голем успех на младите кратовци

Четврток, 13 Октомври 2011 17:08 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Супериорен настап на кратовските резервни офицери во Велес

Златен медал и екипно и поединечно

пишува - Оливер Арсовски

Тимот составен од резервисти од Кратово во состав Далибор Трајчев, Оливер Трпковски и Мартин Митевски ги собра сите награди на петобојот организиран од страна на Организацијата на резервни офицери на РМ. Минатиот викенд во Велес младите кратовски резервисти го обелија образот на кратовската организација на резервни офицери, победувајќи и во екипна и во поединечна конкуренција, во конкуренција на 30 општински организации. Во поединечна конкуренција убедлив победник беше кратовскиот кик-боксер Оливер Трпковски. Инаку, петобојот беше составен од спортските дисциплини спринт на 100 метри, трка на 1200 метри, скок во далечина, фрлање ѓуле и фрлање бомба.

Како поддршка во Велес беа присутни и претседателот на кратовскиот огранок Тони Ивановски и секретарот Марјанчо Јаневски.


 

Сподели