Голема прослава на празникот Прочка во Мерак-маала

Понеделник, 03 Март 2014 16:15 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altСо голема прослава на која присуствуваа над 100 гости, жителите на кратовската населба Мерак-маала го одбележаа големиот христијански празник Прочка. И покрај лошото време, до доцна во ноќта се играше оро по нотите на саксофонот на маестро Чаки, се мезеше од богатата празнична трпеза за која се погрижија ланскиот кум Слаѓан Митевски - Таче и градоначалникот Мите Андоновски, кој финансиски ја поддржа прославата. Се делеа и лепчиња со паричка, а нови кумови се Александра, Матео и Драган Стефанов - Чкрба. За многу години Прочка и нека им бидат простени гревовите на сите луѓе.

ФОТОГАЛЕРИЈА  https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10152693912698957.1073741852.155289693956&;type=1

alt

Сподели