Во целиот свет денеска се одбележува Денот на планетата Земја. Со разни акции многу здруженија и организации ќе се обидат уште еднаш да упатат апел за важноста на чистата околина. Многумина тоа го сторија и вчера. Денот на планетата Земја за првпат е одбележан уште во 1969 година во Сан Франциско.
Кон овој настан се приклучија и нашите најмали дечиња од градинката „Царка Андреевска“, кои утринава заедно со своите воспитувачки и негувателки го чистеа дворот од суви гранки и треви, а притоа засадија и цвеќиња. Во дворот на градинката беа поставени повеќе еколошки пораки за заштита на планетата Земја.