Градоначалникот Андоновски ја потпиша „антикорупциската политика“

Петок, 14 Декември 2012 17:11 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

alt

   Во рамките на пилот проектот на УНДП за антикорупциска политика-политика на интегритет на 12.12.2012 год. во просториите на општинската сала при Општина Кратово се потпиша Антикорупциска политика - политика на интегритет во присуство на Мите Андоновски, градоначалник на Општина Кратово, претставникот од канцеларијата на УНДП Ивана Стрихиќ и Фарије Алиу, член на Државната комисија за спречување на корупцијата.
   Градоначалникот на Општина Кратово имаше краток осврт што е постигнато во рамките на проектот за воведување на систем на интегритет како и заложбите и активностите во насока на превенција од корупција, и истакна дека Општина Кратово заедно со уште неколку општини е вклучена во пилот проектот за зајакнување на капацитетите на националните и локалните системи на интегритет а се со цел подршка на Државната комисија за спречување на корупцијата и со цврста решеност да се справи со коруптивно однесување, мито, крадење, поткуп, судир на интереси и слично. Во таа насока општината превзеде неколку активности за спречување на корупцијата и нулта толеранција меѓу кои се назначено е лице за пријавување на коруптивно, неморално и неетичко однесување,
   -формирана е работна група во состав од 3(три) члена ,
  -одредена е и истакната на видно место телефонска линија на која што вработените и други лица од надвор можат да  пријавуваат коруптивно однесување,
  -вработените во општината потпишаа изјави како со кои се обврзуваат дека ќе ја почитуваат политиката за интегритет,
  -донесена е кратка процедура и процес за постапување во случај на пријавување мито, корупција.
  -постојат обрасци за пријавување на поткуп, корупција и судир на интереси и др.
    Политиката на интегритет е усвоена на седница на Совет на општина Кратово на 30.11.2012 год.
   Исто така, обраќање кон присутните вработени, граѓани и невладини организации имаше и претставникот на УНДП кој истакна голема благодарност за заложбите и придонесот за реализирањето и вклучувањето на Општина Кратово во проектот.
    Како дополнување на ова се обрати и членот на Државната комисија за спречување на корупцијата и даде подетален осврт на проектот, постапката, целта и начинот на спроведување на проектот.

   На крајот беше промовиран анимираниот видео клип подготвен од УНДП

Сподели