Првороденото бебе во 2015-та година во општина Кратово е машко. На 3 јануари (сабота) 2015 година на полноќ во 01 и 45 минути во гинеколошкото одделение во Здравствениот дом Кратово дојде на свет здраво машко дете Дарио, син на Марјан и Татјана Максимовски од с.Вакуф, Кратово.Тој е втора рожба на семејството Максимовски.
Градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски традиционално и оваа година обезбеди 10.000,оо денари финансиска помош од буџетот на општината за првородено дете во годината, а со тоа им посака на родителите најубави желби за здрав, долг и среќен живот.
