Градоначалникот Николовски во посета на дневниот центар за лица со посебни потреби

Петок, 03 Декември 2021 15:24 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Градоначалникот на Општина Кратово Тодорче Николовски, денес беше во посета на дечињата во Дневниот центар за лица со попреченост, спроведувајќи активности во рамките на одбележување на нивниот ден со заедничка потреба за правата на квалитетно инклузивно образование и со еднакви права со правата на сите граѓани.Тој се запозна со дневната агенда на штитениците во Центарот, како и со креативните изработки од нивните вредни раце.
3ти Декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби.

alt

Сподели