Граѓаните апелираат веднаш да се санира опасната дупка на ул.„Ѓорѓи Какашевски“

Сабота, 21 Јули 2012 11:08 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Група граѓани на Кратово кои живеат на улицата „Ѓорѓи Какашевски“ се пожалија дека имале проблем со проодноста и личната безбедност поради раскопана поголема дупка, која сеуште не е санирана.

„Од четврток улицата е непроодна и опасна, раскопана е и целосно затрупана со земја токму по средината на улицата, а веднаш до неа ископана е дупка над два метри длабочина. На улицата нема ниту предупредување, ниту заштита за минувачите, старите лица, а особено за малите деца. Апелираме надлежните служби што поскоро, по можност веднаш да ја саниораат улицата за да се избегне посериозен инцидент“, вели Ацо Тодоровски, кој секојдневно се движи по споменатата улица.alt

Сподели