„Иднина-Змеј“ почна со работа

Четврток, 21 Јануари 2010 19:48 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Фабриката за брусеви „Иднина“ од Кратово повторно почна со работа. По реконструирањето на дел од погоните на „Иднина-Змеј“, на пазарот веќе се присутни новопроизведените вештачки камења за сечење и брусење. Нов сопственик на фабриката е поранешниот пратеник и бизнисмен Борис Змејковски.

Тој фабриката ја купи на јавен оглас од словенечката компанија „Комет“. За нејзиниот имот и другите давачки, тој плати околу 800.000 евра. Од поранешните години „Иднина“ се памети по тоа што во нејзините погони се произведуваа близу 3.000 најразлични производи, брусни камења, флексови и многу други, наменети за индустријата. Овие производи беа препознатливи по високиот квалитет и беа присутни на сите светски пазари, почнувајќи од Балканот, Европа, па до Америка и Азија. Веднаш со рестартирањето, на работа беа вратени 50 поранешни вработени, кои веќе редовно земаат плата. Во мементов, менаџерскиот тим на „Иднина-Змеј“ работи на освојување на македонскиот пазар, а за брзо време и пошироко во светот. Влатко Бојковски, Дејан Динишев

 

Сподели