„Иднина Змеј“ повторно ги освојува странските пазари

Вторник, 01 Мај 2012 10:27 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Единствената фабрика за производство на брусни плочи во регионот го зголемува извозот на странските пазари. „Иднина Змеј“ од Кратовo, која по неуспешната приказна со словенечките газди речиси една деценија не беше во погон, со нов сосптвеник се враќа на пазарите. Фабриката е целосно модернизирана, производството проширено, а се зголемува и бројот на вработени.
altСопственикот Борис Змејковски во фабриката досега инвестирал над четири милиони евра. Мотивот за инвестицијата како што вели му бил да го возобнови познатиот бренд кој излегувал од овие погони изминатите децении. Исто така и да помогне на овој рурален предел на Македонија и да помогне со нови вработувања.
По етаблирањето на домашниот пазар клучниот предизвик за Иднина е извозот. Веќе се присутни во Србија, БиХ и Косово од регионот, како и во Иран и други делови на Средниот исток. Интерес за соработка има од Русија, Турција и од неколку германски фирми.
Иако засега е соочен со одредени потешкотии при извозот на дел од странските пзари и се уште се чувствуват последиците од кризата, Змејковски е оптимист дека проектот ќе биде успешен. Инаку освен брусните плочи за сечење и брусење кои се користат за потребите на металургијата, во фабриката се произведуваат и стаклени влакна за градежништвото.

Сподели