Имало Господ, прободениот Јован во добра здравствена состојба

Сабота, 07 Септември 2013 18:00 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

mostСедумнаесетгодишното момче од Кратово кое вчера на Камениот мост во Скопје беше прободено со нож во пределот на градниот кош, е во добра здравствена состојба, изјави за МИА доктор Борче Кондов од Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.

-Момчето е во свесна состојба. Обработена е раната. Сега засега други интеревенции не се потребни, додаде доктор Кондов. Со нож беше нападнат и негов врсник додека двајцата заедно се движеле по Камениот мост, кој се здобил со исекотини на градниот кош, по што е пренесен во Градската болница. Против напаѓачите, две 17-годишни момчиња од Скопје, се поднесени кривични пријави.

Сподели