Потрагата по кратовецот А.П. која траеше десеттина дена, заврши со среќен крај. Младиот кратовец е забележан од страна на локално население на Осоговските планини, во близина на врвот Лисец, во мал шатор. По пријава во МВР, тим од полицијата излегла на терен и го пронашла, по што е вратен во семејството во Кратово.
