Искинати плакатите на владеачката коалиција во Кратово

Понеделник, 18 Март 2013 21:35 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Од изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово денеска реагираа на валканата кампања која деновиве се одвива во градот, на 6 дена пред изборите. Од таму соопштија дека во ноќта меѓу сабота и недела целиот промотивен материјал залепен на ѕидот на ЕВН (спроти шумско) бил искинат од непознати сторители. Случајот бил пријавен и во полиција.

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат до сите политички субјекти и активисти да се воздржат од валкана кампања и да се насочат во правец на одржување на демократски и фер избори.

alt

Сподели