Изгоре куќа во Приковци, семејството Додеви моли за помош

Сабота, 01 Јуни 2013 14:49 Оливер Арсовски 1 Коментари
Печати

Само испукани зачадени ѕидови останаа од домот на семејството Додеви од кратовското село Приковци. Вчерашниот пожар во попладневните часови за миг го уништи сето она што ова петчлено семејство го создавало со години.

-Пожарот се случи во 15 часот. Јас кога дојдов од работа, забележав дека куќата е запалена. Пожарникарите стигнаа во 16 часот – вели сопственикот на куќата Зоран Додев.

altВо миговите когата куќата била во пламен, во неа спиеле мајката Верица и шестгодишната Михаела.Трагедијата била избегната благодарение на случаен таксист од Пробиштип, кој прв го забележал пожарот и на раце ја изнел малата Михаела надвор.

-Го изнесе детето надвор во последен момент. Ако задоцнеше малку, детето ќе се задушеше – раскажа мајката, која и самата двапати паѓала во несвест од чадот.

По пожарот семејството Додеви остана на улица и бара било каква помош.

-Ги молам граѓаните ако сакаат да помогнат на мојата фамилија за да се обнови домот. Немаме каде да спиеме, цела ноќ ја поминавме под ведро небо – вели Зоран.

На потег се граѓаните и институциите да ја покажат својата хуманост и да му помогнат на ова семејство.

пишува - Оливер Арсовски

alt


Сподели