Вчера во 00,40 часот во Полициска станица Кратово било пријавено дека во село Шлегово-кратовско избувнал пожар во куќа сопственост на И.Х.(75) од Кратово, при што опожарена била кровната конструкција и горниот кат од куќата.
Според пријавеното пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Кратово, а И.Х. се здобил со изгореници во пределот на десната потколеница и му била укажана лекарска помош.