Известување за продолжување на рокот за приватизација на градежно земјиште

Четврток, 29 Мај 2014 13:22 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Министерството за финансии – Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена  управна постапка во Кратово, ги известува сите граѓани на општина Кратово дека со Законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост објавен во ,,Службен весник на РМ,, бр.27 од 05.02.2014 година, се продолжува рокот за поднесување на Барање за приватизација на корисниците на градежно земиште кои не поднеле барање до 31.12.2012 година.

     alt     Новиот рок за понесување на Барања за приватизација на градежно земјиште е до 13.11.2014 година.

           Кон Барањето за приватизација, барателот е потребно да ги достави следниве документи:

           

            Градежното земјиште кое не е приватизирано неможе да се отуѓува ниту да се поклонува.

 

            Се информираат граѓаните дека по истекот на рокот за поднесување на барање за приватизација, за сите корисници на градежното земјиште кои го немаат приватизирано градежното земјиште, Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Кратово по службена должност ќе воспостави закупза истото.

            Висината на закупнината  за градежното земјиште кое е предмет на закуп, како и начинот за наплата на закупнината, ќе биде утврдена со посебен пропис.

Подетални информации можат да се добијат во Подрачното одделение секој работен ден од 8.30 часот до 16.30 часот.

                                                    МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ

                                                      - Управа за имотно-правни работи -

                        Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Кратово

Сподели