
Градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски и претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љубисав Иванов - Ѕинго, денеска ќе имаат средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, г.Цуи Џивеи. Амбасадорот Џивеи го информираше министерот за земјоделство Љупчо Димовски дека кинески компании од областа Сичуан во НР Кина се заинтересирани за инвестирање во земјоделскиот сектор. Амбасадорот најави дека во наредниот период ќе дојдат во Македонија за поблиску да се запознаат со условите за инвестирање во сточарството, посебно во делот за одгледување на овци.
Денешната средба би можела да биде иницијална каписла за евентуална соработка на компаниите од нашата општина со кинески компании и пласирање на наши производи на огромниот и брзорастечки кинески пазар.
