Искусните коледари први ги отвараат торбичињата. Помалите одат по нив, радосни што за прв пат пеат коледарски песни и ги посетуваат домовите на соседите и роднините. Натрупани со дебела зимска облека, им се гледаат само очињата и насмевката на лицата. Ниту снегот, ниту ниските температури не ги спречија да ја продолжат вековната традиција во Кратово, да се слави раѓањето Христово.
Некои од нив првпат одат со коледарите и многу се среќни. Велат убаво е да се пеат коледарски песни и да се полни торбичето со костени, јаболка, смокви и колачиња.
Родителите на децата велат дека ќе ги послушаат препораките кои доаѓаат од МПЦ за славење на Божиќ со бадникарски литии, но нема да се откажат од вековната традиција на коледарење.
фото – Оливер Арсовски


