Колевски: Улицата „Вера Јоциќ“ ќе добие нов асфалт и потпорни ѕидови

Понеделник, 13 Април 2015 09:50 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altГрадежната офанзива во Општина Кратово не стивнува, туку продолжува со несмален интензитет. Според најавите на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Кратово, Марјанчо Колевски, наскоро ќе започне реконструкција на една од најдолгите улици во градот, „Вера Јоциќ“. Граѓаните се презадоволни од одлуката на градските власти во Кратово да се реконструира оваа улица која беше асфалтирана пред речиси 30 години и се наоѓа во многу лоша состојба.
alt-Ние како политичари мораме да го слушаме гласот на народот. До нас допре гласот на граѓаните на Кратово кои живеат и најмногу ја користат улицата „Вера Јоциќ“, а тие бараат реконструкција и нов асфалт. Со задоволство можам да потврдам дека наскоро ќе започне поставување на нов асфалтен слој од крстосницата кај ЕВН, па се до стадионот на ФК Силекс. На самиот почеток од улицата, спроти трите згради, ќе се гради долг потпорен ѕид со ограда и значително ќе се прошири патот, со што ќе се реши ова тесно грло во градот кое често претставуваше закана по пешаците и возачите - истакна пратеникот Марјанчо Колевски.

Сподели