Заврши првата фаза на асфалтирање на патот од с.Коњух до с.Бељаковце поточно од с.Коњух до мостот на Крива река во должина од 2 км и во вредност од 13.000.000 денари. Од втората фаза преостануваат уште 1км во Кратовска територија која ќе започне во најкраток можен рок со средства во висина од 7.000.000 денари. Средствата во вредност од 20.000.000 денари се обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта, додека пак тампонирањето и асфалтирањето го изведува ЈП „Македонија пат“. Со овој пат ќе се поврзи Општина Кратово со Општина Куманово, со што релацијата ќе биде пократка за околу 30 километри и ќе се обезбеди и подобар пристап до земјоделските површини.