Короната зема замав во Кратово, досега заболеле 23 лица, од нив 7 се активни случаи

Понеделник, 07 Септември 2020 10:51 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-9, Дебар-1, Прилеп-5, Тетово-3, Гостивар-1, Гевгелија-12 (странски државјани), Струмица-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Делчево-1, Кратово-1.

Починати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127,  бројката на оздравени пациенти е 12486, на починати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

•Кратово 23, активни 7

•Скопје 6123, активни 591

•Куманово 1540, активни 248

•Дебар 261, активни 29

•Штип 1182, активни 96

•Прилеп 525, активни 142

•Тетово 1254, активни 125

•Струга 595, активни 64

•Велес 278, активни 20

•Битола 225, активни 40

•Охрид 360, активни 45

•Кавадарци 190, активни 47

•Гостивар 823, активни 134

•Гевгелија 73, активни 46 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

•Струмица 83, активни 31

•Крива Паланка 60, активни 19

•Радовиш 46, активни 7

•Крушево 17, активни 1

•Кочани 160, активни 33

•Пробиштип 90, активни 15

•Демир Хисар 60, активни 2

•Македонски Брод 77, активни 10

•Пехчево 38, активни 28

•Берово 68, активни 41

•Валандово 9, активни 2

•Виница 82, активни 28

•Делчево 103, активни 77 (26 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

•Свети Николе 301, активни 37

•Кичево 286, активни 45

•Ресен 147, активни 0

•Неготино 48, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

alt
Сподели