Страдањата на младата кратовка Христина Николовска наскоро би требало да станат минато, откако денеска на нејзина адреса стигнала радосната вест од болницата „Филип втори“. Девојчето од Куклица кое од мала возраст боледуваше од тешка болест на коските, притоа преживувајќи десетици скршеници на рацете и нозете, благодарение на медиумската поддршка и добрите луѓе, успеа да присобере еден мал дел од потребните 10.000 евра за сложената операција во „Филип втори“. Иако Христина не беше голем оптимист дека некогаш ќе ги собере потребните пари, денеска и се јавиле од болницата, соопштувајќи и ја радосната вест дека ќе ја оперираат неа и уште едно девојче на сметка на болницата.
-Др. Жан Митрев рече да уплатиме онолку колку што има веќе собрано средства , другото ќе го покрие болницата! Исто така, ќе биде оперирано уште едно девојче од нашата установа во истата болница! Ви Благодарам од се срце за помошта од ваша страна, за поддршката што ми ја дадовте.
ВИ БЛАГОДАРАМ ШТО БЕВТЕ ДЕЛ ОД ОСТВАРУВАЊЕТО НА МОЈОТ НАЈГОЛЕМ СОН !! Јас и Јана заминуваме наскоро на операција, ВИ БЛАГОДАРАМ! - ни ја ссопшти радосната вест пресреќната Христина.
-Приказната за мојата болест и донаторската акција започна од порталот www.aberdzija.com и сакам оваа радосна вест за моето оперирање први да ја објавите вие - ни кажа Христина.
Ние и посакуваме добро здравје, што побрзо да закрепне и да застане на нозе. А наесен и ветивме дека ќе ја посетиме во нејзиното родно место Куклица
