Граѓаните на Кратово и локалните институции се едуцираа што е дискриминација и како да ја препознаат, за да можат да реагираат до надлежните институции. Предавач на работилницата беше претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација, Душко Миноски.
-Граѓаните на Кратово и локалните институции ги информиравме за законот за спречување и заштита од дискриминација. Феноменот дискриминација е присутен секаде и сите граѓани би требало да знаат како да реагираат кон овој општествено негативен феномен. Имаме Комисија, имаме народен правобранител, останува само граѓаните да го препознаат овој феномен и да поднесат претставка – изјави Душко Миноски, претседател на Комисијата за заштита од дикриминација.
Првин претставниците на локалната администрација и локалните институции се запознаа со Законот за спречување и заштита од дискриминација и работата на Комисијата, за да добијат продлабочени созананија за концептот на анти – дискриминација, а потоа и граѓаните ги изнесоа своите лични проблеми на планот на дискриминацијата. 
