Кратовчанката Викторија Вито Филов се закити со признание „Најдобар преведувач на литературно дело“

Вторник, 11 Јуни 2019 19:06 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

На Денот на Преведувачи, 8 Јуни, инстутиционално беше објавена наградата за најдобар преведувач на литературно дело 2019 на Република Северна Македонија, која ја добиваат:

  1. Викторија Вито Филов (асс.,преведувач и толкувач) – за преводот “Роден на Лош Ден” – Даниел Таметalt

oд оригиналното дело Je suis né un jour bleu, Daniel Tammet,
од француски на македонски јазик и превод на истоименото дело  Born on a Blue Day: Inside the Extraordinary Mind of an Autistic Savant, Daniel Tammet, на упростен англиски јазик (Simple English) за македонски читатели.

  1. Ивана ГавриловскаХалид (судски преведувач, толкувач) – за преводот “ЦрвениПтици” – Мухамед Ханиф/” Zigjtëkuq”-Mohammed Hanif

oд оригиналното дело Red Birds – Mohammed Hanif, од англиски на македонски и албанскијазик.

Свечено доделување на наградите ќе биде на 7 септември 2019 г., во ЕУ Инфо-центарот на Делегацијата на ЕУ во РСМ, каде што нашата кратовка М-р Викторија Вито Филов ќе оддржи почесен говор.

Викторија Вито Филов е родена во Кратово, дипломирала на преведување и толкување (англиски и француски јазик) на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” при УКИМ, а магистрирала на Универзитетот ФОН.
Во моментот работи како преведувач, толкувач, и надворешен сорабоник на Универзитетот “ГоцеДелчев”, во Штип.

Викторија е добро познат и етаблиран професионалец во кругот на својата професија, има богато искуство во областа на преведувањето и толкувањето, работела на преведување на голем број на дела за повеќе издавачки куќи.

Овој книжевен подвиг е огромно збогатување на нашиот преведувачки  канон, квалитетните преведувачи се тие кои ја држат динамиката на нашиот јазик рамо до рамо со светските, со тоа нивната одговорност е двојна, кон својот јазик и кон идните генерации кои ќе го наследат тој јазик.

КУЛА Кратово премиерно пренесува дел од нејзиното обраќање. Ова е дел од нејзината изјава:

“Наградата за најдобар преведувач на литературно дело ми значи многу повеќе од секоја претходно добиена награда, бидејќи овој пат освен професионално ја доживувам и емотивно. Оваа година изгубив делови од мојата душа, така што наградата ја посветувам на мојот прерано починат татко, Лазо, и уште прерано почината другарка и одличен преведувач, Вале.

Витенштајн рекол: “границите на мојот јазик се границите на мојот свет ” кога би можеле секогаш да ја имаме слободата да одлучуваме каде и како можеме најкреативно и најпродуктивно да работиме, сите би биле многу подобри во својата вокација. Голем удел во мојата преведувачка работа има природата, ноќта, смиреноста и пред се, позитивната енергија која ја црпам во куќата на дедо ми во Кратово, каде што сум најпродуктивна и креативна како преведувач.

Судот на вкусот се раѓа и се остварува во слободната игра меѓу имагинацијата и умот, а преводот бара многу вкус – тоа е и моќта и тајната на преведувачот како би го доближил литературното дело колку што може повеќе до своето говорно подрачје и менталитет, без притоа да се изгуби оригиналната смисла.

Има луѓе кои само критикуваат и луѓе кои прават и менуваат! Мои фаворити на кусата листа проблесоци кои прават промени во општеството и инспирираат се токму луѓето кои прават и менуваат без да се експонираат. Отсекогаш сакам да сум дел од тие луѓе и оваа награда е чекор поблиску до истите. Благодарам!”

Сподели