Комисијата за заштита од дискриминација во соработка со ОБСЕ – Мисијата во Скопје организира Отворен ден во општина Кратово.
Отворениот ден ќе се состои од два дела, односно првиот дел е презентација на Законот за спречување и заштита од дискриминација и работата на Комисијата, кој ќе биде наменет за претставниците на институциите на локално ниво каде ќе можат да добијат продлабочени созананија за концептот на анти – дискриминација, додека вториот дел ќе биде намент за граѓаните за нивна практична едукација и комуникација, каде ќе имаат можност за непосреден контакт со комесар од Комисијата за заштита од дискриминација. На средбата ќе присуствува претседателот на Комијата за заштита од дискриминација – Душко Миновски. Средбата ќе се одржи на 16.06.2015 во големата сала на општина Кратово
-10.00 часот - Презентација на законот за спречување и заштита од дискриминација и работа на Комисијата за заштита од дискриминацја (наменет за општинската администарција и локалните институции)
- 12.30 Средба со граѓани
