Граѓаните на Кратово деновиве ги полнат резервоарите на своите автомобили „до даска“, затоа што утре започнува рновирање на единствената бензинска пумпа во градот. Од „Макпетрол“ не известија дека градежните зафати ќе траат цел месец, а бенефит ќе биде нова пумпа за полнење плин, каква досега немаше во Кратово.