Кратовци пресреќни што Никола Тодоров ја предводи листата на ВМРО-ДПМНЕ во „тројката“

Среда, 02 Април 2014 11:13 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altСо неколкуминутно аплаудирање и скандирање на неговото име, денеска симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ го пречекаа носителот на листа на Изборната единица 3, г-динот Никола Тодоров. Во рамки на неговата посета на Кратово, министерот Тодоров се сретна со голем број граѓани, барајќи поддршка за владините политики.

-Ја барам Вашата поддршка, не за обична победа, туку за победа која ќе донесе 63 пратеници. Победа која ќе овозможи никој да не не уценува, никому да не правиме отстапки, а најмалку на албанскиот блок кој сака промена на Уставот и бирање на претседател на државата во Собранието. Такво нешто нема да дозволиме, а за тоа ни е потребна вашата поддршка и глас - истакна Тодоров, кој ужива огромна популарност кај гласачкото тело во Кратово поради својата искреност, работливост и посветеност.
Со не помал аплауз беше проследен и говорот на кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Кратово, г-динот Марјанчо Колевски, кому ова ќе му биде втора можност да влезе во парламентот и Кратово по вторпат да има два пратеници.

-Од 2006 година па наваму неколку пати убедливо го победуваме нашиот политички опонент. Секогаш сме победувале со околу 4.000 освоени гласови, а овојпат ќе сторам се за да ја достигнеме бројката од 5.000 гласови и да покажеме чии политики граѓаните на Кратово ги поддржуваат - истакна Колевски.

Сподели