Граѓаните на општината Кратово кои конкурираа за добивање земјоделски субвенции по разни основи деновиве ќе се опарат. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги објави списоците со корисници на субвенции и висината на парични средства кои ќе ги подигнат земјоделците. Покрупните сточари ќе се опарат со субвенции кои достигаат дури до 281.000 денари или околу 4.500 евра.