Денешната хуманитарна акција на градскиот плоштад во Кратово ја оствари својата цел, бидејќи за само неколку часа се собраа 44.500 денари кои ќе бидат наменети за лекување на Драган Китановски, кој повеќе од еден месец е во кома. Кратовци уште еднаш ја покажаа својата солидарност и хумана страна, а овој гест нека биде поттик за бизнисмените и поголемите компании да донираат и тие средства за спасување на животот на Драган.
Организатори на денешната акција беа УМС на ВМРО-ДПМНЕ-Кратово и Црвениот крст.
ФОТОГАЛЕРИЈА https://www.dropbox.com/sh/zw9oe1kjjqiytwr/AABhendPlePxBYB-ZjroktIGa?dl=0#/
