Кратовци со иницијатива за споменик на Павле Шатев на плоштадот во Кратово

Сабота, 30 Јануари 2016 13:14 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

altГрадскиот плоштад во Кратово кој го носи името на револуционерот Павел Шатев, заслужува да добие и спомен-обележје на славниот гемиџија. На шеесетипетгодишнината од смртта на Шатев, во родниот град на револуционерот се одржа панихида, на која општинските власти и Сојузот на борци положија цвеќе пред скромната спомен биста, оддавајќи му почит на својот сограѓанин.
-Мислам дека во иднина треба да посветиме поголемо внимание и затоа покренавме иницијатива да изградиме голем споменик, затош што навистина овој наш херој заслужува такво нешто – рече градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски.
За ликот и делото на Павел Шатев беседа одржа историчарот Миле Марковски.
Во рамки на одбележувањето на 65 години од смртта на Павел Шатев, вчера во градскиот музеј во Кратово Сојузот на борци одржа историски час пред поголем број граѓани, а свои творби и извадоци од дела на Кочо Рацин читаа ученици од средното училиште „Митко Пенџуклиски“.
Оливер Арсовски
фотогалерија на линкот https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10154576932928957.1073741955.155289693956&;type=3&uploaded=14

alt


Сподели