Кратовец го искрши своето „рено“ на стариот пат Скопје - Куманово

Недела, 13 Март 2016 14:01 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

soobrakajka

Две лице се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера во 17.30 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје, кај село Никуштак, при директен судир на две возила. Во несреќата учествувале два автомобили, „рено“ со скопски регистарски ознаки управувано од 50-годишниот С.Ј. од Кратово и „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал 36-годишниот С.С.

Возачот на „аудито“ се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Кумановската болница и е задржан на лекување. Негов сопатник, веднаш по несреќата пренесен е во Ургентниот центар во Скопје.

Увидот што го извршила кумановската полиција по овластување на основен јавен обвинител ќе ги покаже причините за настанување на несреќата.

Сподели