СВР Куманово поднесе кривична пријава против 31-годишниот Д.С. од Куманово, поради сторено кривично дело „разбојништво“. Пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, на 11-ти овој месец околу 00:30 часот во атарот на селото Проевце кај „Стара бања“ физички го нападнал 37-годишниот В.Л. од Кратово, удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото, при што го соборил на земја и продолжил со удирање, а откако оштетениот паднал во безсознание од џебовите му одзел пари, клучеви од возило и еден мобилен телефон, со што му причинил вкупна материјална штета околу 7.500 денари.
По 15-тина минути, откако оштетениот се освестил побарал помош од случаен минувач и настанот веднаш го пријавил во СВР Куманово, по што од страна на полициските службеници оштетениот е пренесен во Медицински центар Куманово каде му е укажана лекарска помош и е задржан на лекување, а пријавениот набргу е пронајден и приведен во СВР Куманово. Инаку, пријавениот е познат сторител на кривични дела разбојништо, тешки кражби и кражби, за што е и осудуван.
Истражен судија му одреди мерка куќен притвор во траење од 30 дена.