Кратово доби супермодерен мултимедијален центар (ВИДЕО)

Среда, 13 Март 2013 15:35 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Општината Кратово денес доби капитален објект од областа на културата на кој граѓаните на ова мало место се особено горди. Поранешното кино „Напредок“ кое во осумдесеттите години од минатиот век ги угости најголемите музички ѕвезди од Југославија, денес прерасна во супермодерен мултимедијален центар. Свечено во употреба го пуштија министерката за култура Елизабета Канческа, градоначалникот на Кратово Мите Андоновски и претседателот на СПМ, Љубисав Иванов – Ѕинго.

-Со големо задоволство го прифатив предлогот на градоначалникот Андоновски кога дојде кај мене во Министерството за култура и кажа дека сака да реализира еден проект кој што доаѓа токму од граѓаните на Кратово. Веднаш, без никакво двоумење застанав зад реализација на овој проект и веднаш во програмата на Министерството за култура предвидовме финансиски средства за овој значаен мултимедијален центар – изјави министерката Канчевска.

Зборовите на министерката Канчевска посебно го трогнаа поранешниот пратеник Љубисав Иванов – Ѕинго.

-Ние кратовчани имавме прилика да слушнеме една епохална изјава на министерката за култура дека Кратово е музеј на отворено. Тоа ќе остане во длабоко сеќавање на нас кратовчани – изјави Иванов.

-Јас како градоначалник, но и граѓаните на Кратово сме пресреќни што денес пуштивме во употреба еден објект што им недостигаше на кратовчани – истакна Мите Андоновски.

Финансиската конструкција за реновирање на кино-салата ја обезбедија Министерството за култура, швајцарската амбасада и локалната самоуправа.

Оливер Арсовски

alt

Сподели