Кратово го има најстариот пожарникарски возен парк во земјава, со олдтајмер стар 50 години

Понеделник, 11 Февруари 2019 13:44 Оливер Арсовски 0 Коментари
Печати

Триесет територијални единици во Македонија поседуваат 220 возила за противпожарни возила чија просечна возраст е 27 години, а меѓу нив Кратово го има најстариот возен парк со просечна старост од 39 години.

Од вкупно 220 возила 154 се произведени во минатиот век. Најстарите се од 1966 година што ги поседуваат Струмица од марката „фап 13“ и Валандово од марката „там 5500“, а многу не заостанува и кратовскиот „тазе“ реновиран камион стар точно 50 години.

Возилата на Кратово се најстари – со просечна старост од 39 години, додека најмладиот возен парк го има Велес – со просечна старост од 18 години. Покрај Кратово, просечната старост поголема од 30 години имаат и возилата на противпожарните единици во: Битола, Гевгелија, Крива Паланка, Крушево, Охрид, Свети Николе, Струга и Струмица. 

Најмалку, односно по три возила имаат територијалните единици во Демир Хисар просечно стари 28 години, Кавадарци  25 години, Кратово 39 години, Крушево 38 години и Македонски Брод 21-на година.alt

Сподели