Тошо Куковски, Јове Гичев, Митко Пенџуклиски се дел од имињата на борците кои загинале далечната 1944 година за слободата на Македонија. Во нивна чест, денес во Кратово беше положено цвеќе пред нивните бисти, на денот кога кратовчани слават 70 години од ослободувањето на градот и 70 години од одржувањето на АСНОМ. Неколкумина се уште живи борци од Кратово, градоначалникот Мите Андоновски и голем број граѓани се поклонија пред оние кои го дале животот за слободна Македонија.
-Денес градот Кратово го празнува своето ослободување кое се случило пред 70 години во присуство на преживеаните борци, на поддржувачите и почитувачите на нивното дело. Се собравме овде во Кратово и организиравме свечена академија во нивна чест. На сите им го честитав празникот 6-ти септември, а на сите преживеани и нивните следбеници и во наредните години им закажувам нови средби – истакна градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски.
Во рамките на прославата, во Музејот на град Кратово беа отворени две изложби. Една посветена на детската ликовна колонија „Лазар Софијанов“ и тематската изложба „Кратово во НОБ“. На свечената академија претседателот на Организацијата на резервни ифицери на РМ, Ѓорѓи Малковски, подели благодарници на неколку учесници во Втората светска војна, како и на неколку институции од општината. Оливер Арсовски

